Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го напушти Динамо Загреб и се пресели во Кина, каде што ќе го носи дресот на Пекинг Гуан.
Адеми е еден од најтрофејните фудбалери во историјата на Динамо Загреб, а неговиот крај беше емотивен.
Матео Ковачиќ беше еден од фудбалерите кои му испратија порака на Адеми, кој не можеше да ги задржи солзите.
„Аки, брате, мило ми е што бев дел од твојата голема кариера во Динамо, мило ми е што ти бев пријател. Се познаваме и знам колку ти значи тимот. Нема да ти биде лесно. Низ годините покажа како изгледа еден капитен на Динамо, со борба и страст, ти благодарам за сè“, кажа Ковачиќ.