Емре Чан се изнервира: Нема што да зборуваме, судијата е виновен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борусија Дортмунд загуби со 0-2 на гостувањето во Лондон кај Челси и испадна од Лигата на шампиони (ЛШ).

Челси во второто полувреме доби пенал, а истиот го изведе Каи Хаверц. Сепак, по првото промашување, судијата реши да го повтори ударот од белата точка.

Тоа не му се допадна на Емре Чан кој удри по главниот судија поради одлуката.

„Судијата е виновен за нашиот пораз, нема што да се зборува повеќе. Не разбирам зошто го повтори пеналот. Макели имаше лош однос и беше арогантен“, кажа Чан.