Енцо договара големо засилување за Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер за врска Енцо Фернандез имаше солидна полусезона во Челси, откако пристигна во јануари, а веќе е фокусиран на идната сезона.

Тренерот Маурицио Покетино бара нови засилувања за клубот, а работата на агентите во свои раце ја преземале и неколку фудбалери на премиерлигашот, меѓу кои и Енцо.

Енцо го искористил својот одличен однос со Пауло Дибала и решил да го повика во Лондон.

„Лично му испратив порака на Дибала за да го убедам да дојде во Челси“, кажа Фернандез.

Дибала може да ја напушти Рома за само 15 милиони евра, па останува да видиме дали „сините“ ќе се решат да го откупат неговиот договор.