Енцо Фернандез ја уценил Бенфика да го пушти во Челси


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез стана најскап фудбалер на Островот, откако Челси за неговите услуги на Бенфика ѝ плати 121 милион евра.

Португалскиот медиум „Рекорд“ објави дека Енцо ја уценувал Бенфика да го пушти во премиерлигашот, кој долго време се обидуваше да го добие неговиот потпис, а тоа успеа да го направи во последен момент.

Челси понудил пари, па размена на играчи, а Бенфика не сакала да прифати и потоа следела заканата од Енцо.

Енцо, наводно, се заканил дека ќе објави видео кое ја крие структурата на финансиските работи во Бенфика, по што претседателот Руи Кошта попуштил.