До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Францускиот гигант Лион објави интересна снимка на социјалните мрежи, а во центарот на вниманието беше бразилскиот репрезентативец Ендрик.
Ендрик оваа зима пристигна во Лион на заем од Реал Мадрид, со цел да ја „оживее“ кариерата и навистина му оди одлично, бидејќи постигна три лигашки гола на четири натпревари со едно асистирање.
На самиот почеток, 19-годишникот се покажа како големо засилување за Лион, а и се чини дека многу брзо стекна репутација и улога на лидер.
Бразилскиот напаѓач одлучи да ја преземе улогата на вистински капитен и јасно им порача на соиграчите дека правилата важат за сите, без исклучок, па така казнуваше „на самото место“ сите членови на клубот кои доцнеа на тренинг денес.
Како што е наведено, Ендрик гледаше на часовникот и потоа секој што дојде подоцна му побаруваше да плати 100 евра!
Откако некои играчи задоцнија на тренингот, следеше интерна казна, а токму Ендрик беше тој кој инсистираше да се и плати.
Endrick charging Lyon players €100 if they arrived late to training. 😭
— TC (@totalcristiano) February 19, 2026
pic.twitter.com/xtGwAXfOte
















