Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Ендрик, млад и талентиран бразилски напаѓач, дојде во Реал Мадрид како едно од најзначајните засилувања. Сепак, под водство на Чаби Алонсо, тој се’ уште чека за дебито на официјален натпревар.
Иако клубот нема намера да се раздели од него, силната конкуренција во нападот го оневозможува Ендрик да добие шанса. Од тие причини, сериозно се разгледува можноста за негова позајмица во зимскиот преоден рок.
Според шпанските медиуми, Вест Хем од Англија има сериозен интерес да го ангажира Ендрик во јануари. Воедно, интерес покажуваат и шпанските клубови Валенсија и Реал Сосиедад, па останува опцијата за негово останување во Ла Лига.














