Ендрик се расплака пред 43.000 навивачи на промоцијата во Реал Мадрид (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот талент Ендрик денеска беше промовиран во дресот на Реал Мадрид пред 43.000 навивачи на „Сантијаго Бернабеу“.

Ендрик од Палмеираш се пресели во Мадрид, откако Реал го договори неговиот трансфер уште пред две години и ќе плати 60 милиони евра.

Бразилецот не можеше да ги задржи солзите, па се расплака пред навивачите кои беа на трибините за да го поздрават.

„Немам зборови да опишам што чувствувам. Не можам да го опишам тоа. Отсекогаш сум сакал да бидам тука и да играм за Реал Мадрид. Тоа ми е сонот од дете. Го остварив нашиот сон, не само мојот туку и на моето семејство. Тоа е и за нив, поради сето тоа што го направиле за мене. Извинете што плачам, тешко ми е да ги задржам емоциите“, кажа Бразилецот.