Ендрик стана полнолетен и го облече дресот на Реал Мадрид


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Шпанскиот и европски шампион Реал Мадрид од денеска има ново засилување, а тоа е Ендрик кој стана полнолетен и го комплетира трансферот.

„Кралевите“ го договорија трансферот пред речиси две години, но Бразилецот мораше да чека до полнолетство пред да се пресели во Мадрид.

Реал Мадрид за услугите на Ендрик плати 47,5 милиони евра, но со дополнителни бонуси сумата би можела да достигне 60 милиони евра кои ќе ги добие Палмеирас.

Ендрик за бразилскиот тим досега одигра 82 меча и постигна 21 гол.