„Енфилд“ е подготвен за дебито на Исак


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Слот најави дека во среда Швеѓанецот треба да добие премиерни минути во дресот на Редсите.

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, го вклучи шведскиот напаѓач Александар Исак во тимот за натпреварот од првото коло на Лигата на шампионите на Анфилд против мадридскиот Атлетико, во среда од 21 часот.

„Речиси сигурно е дека нема да игра од почеток, но исто така е веројатно дека Исак може да дебитира во нашиот клуб оваа среда“, навести Слот.

Ова лето 25-годишниот Исак со рекорден трансфер за англиските услови го напушти Њукасл и пристигна во Ливерпул, во трансфер вреден 150 милиони евра плус одредени бонуси. Во кавга, Исак се раздели со Њукасл каде не сакаше да продолжи со кариерата. Самостојно тренираше и договорот меѓу двата клуба беше постигнат на крајот на трансфер периодот.

.