Енрике: Ако дознаев дека сме пред елиминација ќе доживеев срцев удар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанија и јапонија ја поминаа групата Е, иако имаше возбудувања до последната минута, а во еден момент и „црвената фурија“ беше пред испаѓање при водството од 2-1 на Костарика против Германија.

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике не бил свесен за ситуацијата на вториот меч кој се играше во истиот термин и вели дека ќе добиел срцев удар ако го дознаел резултатот.

„Во фудбалот нема добри и лоши страни. Сакавме да бидеме први и да победиме, но не успеавме. Јапонија одигра одлично. Ако требаше да ни дадат уште два гола, ќе постигнеа уште два. Бевме пред елиминација? Воопшто не знаев за тоа. Ако го дознаев, ќе добиев срцев удар“, вели Енрике.