Енрике: Ако не успее Шпанија, тогаш сакам Меси или Суарез да ја освојат титулата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на Шпанија, Луис Енрике смета дека неговата репрезентација е една од фаворитите за трофеј на Мундијалот во Катар, но ако не се оствари тоа, тогаш има друга желба.

Енрике сака неговите поранешни фудбалери, кои ги тренираше во Барселона, Лионел Меси со Аргентина или Луис Суарез со Уругвај да го освои Светското првенство.

„Ако не победиме ние, тогаш сакам титулата да ја освои Аргентина. Не би било фер за фудбалер како Меси да се пензионира без да го освои Мундијалот. Истото важи и за Уругвај и Луис Суарез.

„Црвената фурија“ ќе го почне настапот во Катар на 23 ноември, одноно среда против Костарика.