Тренерот на францускиот и европскиот шампион ПСЖ, Луис Енрике, јасно порача кој треба да ја освои Златната топка.
Шпанскиот стратег смета дека сезоната на ПСЖ не остави простор за дилема, особено по освојувањето на Лигата на шампионите, и истакна дека неговиот тим има неколку сериозни кандидати за највисоко индивидуално признание во светот на фудбалот.
“Златната топка треба да ја освои играч на ПСЖ. Имаме се во овој тим. Ја освоивме Лигата на шампионите, Фабиан го освои и Светското првенство, а го имаме и Усмане Дембеле, кој ја освои Златната топка минатата година. За мене е целосно јасно дека наградата треба да му припадне на играч на ПСЖ”, рече Луис Енрике.
















