Енрике го „потврди“ заминувањето на Мбапе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ вчера одигра меч без голови против Монако, а Килијан Мбапе беше заменет на полувреме и го следеше второто полувреме од трибини покрај својата мајка.

Тренерот на парижаните, Луис Енрике по натпреварот даде коментар за ситуацијата и го „потврди“ заминувањето на Мбапе.

„Во фудбалот сум доволно долго и мора да знаете дека секој потег е важен во ваков клуб. Порано или подоцна ќе играме без Мбапе и јас мора да најдам најдобро решение. Понекогаш ќе бидам во право, а понекогаш ќе згрешам“, кажа Енрике.