Енрике не смета на него – Асенсио на праг на потпишување за европскиот гигант


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Летниот трансфер период е во тек. Некои трансфери веќе се завршени, други се во фаза на преговори, а за некои се само нагаѓа. Речиси е сигурно дека Марко Асенсио ќе го промени клубот, а кариерата би можел да ја продолжи во Италија.

Според зборовите на новинарот Алфредо Педула, Марко Асенсио го привлекол интересот на Интер од Милано.

Интересот на Интер за 29-годишниот не е сосема изненадувачки, имајќи предвид дека Нераѕурите веќе дадоа понуда за поранешната ѕвезда на Реал Мадрид во јануарскиот трансфер период во 2025 година.

Асенсио се врати во ПСЖ по шестмесечната позајмица во Астон Вила, но не е дел од плановите на Луис Енрике во Париз.

Фото: Принтскрин