Енрике по поразот даде коментар, но никој нема да му поверува!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Селекторот на Шпанија, Луис Енрике по поразот од Јапонија (1-2) кажа дека е разочаран затоа што неговата репрезентација не го освоила првото место, меѓутоа со тоа „црвената фурија“ ги избегна Хрватска и Бразил во нокаут-фазата.

Енрике по поразот на неговите фудбалери даде изјава на која ретко кој ќе поверува бидејќи Шпанија доби полесен пат до полуфиналето.

„Јапонија даде два гола, а можеше да постигне уште повеќе. Крајот на мечот беше тежок за нас. Јапонија заврши прва и тоа е заслужено, но ми пречи бидејќи сакав ние да го освоиме првото место во групата. Не сум задоволен“, кажа Енрике.

Интересно е тоа што Шпанија во плејофот ќе ги избегне Хрватска и Бразил на својот пат кон титулата.