Енрике потврди дека Мбапе си оди од ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килијан Мбапе на лето ќе си замине од францускиот гигант ПСЖ и ќе му се приклучи на Реал Мадрид, а тоа го потврди и тренерот Луис Енрике.

Енрике по ремито против Рен (1-1), откако го замени Мбапе со Гонсало Рамош во 65. минута, кажа дека неговите играчи треба да прифатат дека еден ден ќе бидат без најдобриот напаѓач.

Оваа изјава доаѓа откако станаа посилни шпекулациите за иднината на Мбапе, кој е блиску до договор со „кралевите“.

„Порано или подоцна ќе мора да прифатиме дека ќе играме без него. Сакам максимална конкуренција во клубот. Секој што е стартер во ПСЖ мора да го користи тоа на најдобар можен начин. Тоа го барам од овие фудбалери“, кажа Енрике.