Енрике се брани по дебаклот против Њукасл: Резултатот не беше реален! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот шампион ПСЖ загуби од Њукасл во Лигата на шампиони (ЛШ) со 1-4, а ова беше најтежок пораз за парижаните уште од 2004 година.

ПСЖ летово доживеа голем ремонт затоа што си заминаа Лионел Меси и Нејмар, но пристигнаа Осман Дембеле, Маркос Асенсио, Гонзало Рамош и други, меѓутоа тренерот Луис Енрике не може да го најде вистинскиот начин на игра на екипата.

По дебаклот во Њукасл најмногу критики доби тренерот Енрике кој реши да тргне со четири напаѓачи во дуелот.

„Овие натпревари се тешки за нас. Почнавме добро, но потоа не искористивме шанси и пристигна казната. Мислам дека ова не е реален резултат. Дали е ова клучен меч во битката за прво место во групата? Не знам“, кажа Енрике.