Енрике: Сите знаевме дека Мбапе ќе замине од ПСЖ


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе вчера објави дека го напушта ПСЖ на крајот на сезоната, а тренерот Луис Енрике вели дека биле свесни за неговата одлука.

Мбапе не кажа каде ќе ја продолжи кариерата, иако многумина очекуваат да потпише за Реал Мадрид кој му нуди одлични услови.

„Сите знаевме дека ќе замине Мбапе, па затоа ова не промени ништо. Пред нас останува битката за титулата во Купот и се надевам дека ќе ја освоиме со Мбапе. Целта е да бидеме конкурентни и да освојуваме титули. За Килијан можам да кажам само убави работи. Сметам дека следната сезона ПСЖ ќе биде уште посилен“, кажа Енрике.