Енрике состави листа за отстрел – заминуваат Нејмар, Верати, Бернат!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот шампион ПСЖ реши да се ослободи од пет фудбалери во следниот период и така го најави големиот ремонт на тимот.

Откако си заминаа Лионел Меси и Серхио Рамос, сега на листата за отстрел се Нејмар, Марко Верати, Ренато Санчез, Хуан Бернат и Уго Екитике.

Тренерот Луис Енрике смета дека овие фудбалери не се доволно добри за неговите планови и затоа планира да ги продаде во следниот период.

Исто така, не е решена иднината на Килијан Мбапе, кој по сè изгледа дека ќе го напушти тимот од Париз.