Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанија вечерва ќе се соочи против Франција во финалето на Лигата на нации, а селекторот на „црвената фурија“ смета дека би можеле неговите избраници да го победат противникот.
Франција по неверојатен пресврт ја елиминираше Белгија и докажа дека е голем фаворит за трофејот, но Шпанија ќе биде тежок противник.
„Погледнете само каков тим има Франција. Сите се играчи од најдобрите клубови и истаканти фудбалери, тие се најдобрата екипа на светот. Нападот им е супериорен и можат да го свртат секој натпревар. Сепак, тоа нема да го промени нашиот пристап. Игравме и победивме против европскиот шампион, зошто да не одиграме добро и против светските шампиони? На Шпанија ѝ е потребен еден национален трофеј би ни дошол навистина добра“, кажа Енрике.