Ентони Дејвис одбил 146 милиони вреден договор од Лејкерс?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ентони Дејвис одбил да потпише продолжување на соработката со Лос Анџелес Лејкерс.

Фантастичниот кошаркар покажува неверојатни партии во дресот на Езерџиите, а раководството на Лејкерс одлучи да му понуди продолжување на соработката.

На масата пред Дејвис е ставена понуда од 146 милиони долари за четири години, но понудата била експресно одбиена.

Тој на лето ќе стане слободен играч и ќе може да добие повеќе пари. Ако одлучи да остане во Лејкерс неговиот потпис ќе ги чини 202 милиони долари со договор за пет години.

Дејвис оваа сезона во дресот на Лејкерси во просек постигнува 27,7 поени и 9,5 скокови по натпревар.