ЕП остана само сон: Македонија загуби од Украина во Прага (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Maкедонската фудбалска репрезентација иако одлично парираше, сепак беше поразена во Прага од Украина со 2:0.

Украина од почетокот на натпреварот повеќе напаѓаше и создаваше прилики пред нашиот гол, најактивен беше Михајло Мудрик. По 15 минути игра Мудрик влезе во чиста позиија „еден на еден“ со Димитриевски кој одлично интервенираше и го спаси својот гол.

Притискаше Украина и создаде уште неколку шанси, а до водство стигна по наша грешка во одбраната, откако згрешија Манев и Атанасов, а потоа по шутот на Судаков топката го погоди Серафимов и заврши зад грбот на Димитриевски.

Столе Димитриевски иако двапати беше совладан, сепак и тој имаше неколку супер тешки одбрани, па може да се каже дека покрај стрелецот Судаков, двата голмани го одбележаа дуелот. Конечните 2:0 ги постави Каравев во завршницата од натпреварот.