Епски пресврт: Халанд потпиша за Манчестер сити, но наскоро ќе заигра за Реал Мадрид!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ерлинг Халанд направи еден од најголемите трансфери ова лето, откако си замина од Борусија Дортмунд и потпиша за Манчестер сити, но наскоро би можел да се пресели во Реал Мадрид.

Раководството на шпанскиот и европски шампион планира во јули 2024 година да го купи норвешкиот репрезентативец, а за тоа ќе треба да плати 150 милиони евра.

Шпански „АС“ објави дека Халанд има клаузула во договорот според која може да го напушти „Итихад“ во 2024 година за 150 милиони евра, колку што планираат да издвојат „кралевите“ за неговиот трансфер.

Халанд неодамна потпиша за „граѓаните“ во трансфер вреден 60 милиони, а стави потпис на соработка до 2027 година.