Епскиот трансфер на Мбапе во Реал Мадрид го блокираше човек одалечен 5.000 км од Париз


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Францускиот фудбалер Килијан Мбапе беше блиску до трансфер во Реал Мадрид, но на крајот остана во Париз затоа што ПСЖ одби понуда од 220 милиони евра.

Гигантот со тоа ризикува Мбапе за една година да го загуби целосно бесплатно, а таква одлука лично донел шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, една од најглавните личности во „Катар Спортс Инвестментс“.

„Последниот збор беше на Ел Тани. Тој ги слушна ставовите за и против трансфер на Мбапе, а потоа донесе негова одлука. Ал Тани не сака да остане ПСЖ без можноста да ја нападне титулата во Лигата на шампиони со триото Мбапе-Нејмар-Меси“, пишува француски „Л’Екип“.

Мбапе сака да замине од Париз, а тоа го покажа со одбивањето на новите понуди за договор, па останува да видиме што ќе се случи следното лето.