Ерик Тен Хаг потврди дека трансферот на Зијеш е блиску: Го очекував ова…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг меѓу редови го потврди заминувањето на Хаким Зијеш во редовите на Челси.

Мароканскиот репрезентативец игра одлично во дресот на Ајакс и веќе подолг период се поврзува со големи екипи, а утрово стигна информација дека тој има договор со тимот на Челси кој ќе плати околу 36 милиони евра на Ајакс за неговите услуги.

„Трансферот доаѓаше и очекувавме да се случи. Јас искрено очекував да се случи пред една или две години. Среќни сме дека го имаме до крајот на сезоната“ –изјави Ерик Тен Хаг.