Ериксен испрати порака до соиграчите по пласманот на Данска во полуфинале!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Данска на почетокот на Европското првенство остана без својот најдобар фудбалер Кристијан Ериксен, кој доживеа инфаркт и се бореше за својот живот.

Сепак, данските репрезентативци собраа сили и мотив, па со победата против Чешка од 2-1 се пласираа во полуфинале на Европското првенство, и тоа за првпат по 1992 година.

Данците станаа прва репрезентација во историјата, која стигнала до полуфинале, откако ги загубила првите два меча, и тоа од Финска со 0-1 и Белгија со 1-2.

Ериксен е во добра здравствена состојба во моментов, а по победата против Чешка испрати порака до соиграчите од репрезентацијата.

„Горд сум на вас“, напишал Ериксен преку „ВацАп“, а тоа сигурно ќе биде дополнителен мотив за нив да се борат и понатаму.