Ешли Кол ја заврши кариерата: Англичанецот ќе стане тренер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот англиски фудбалер Ешли Кол објави крај на фудбалската кариера. Дефанзивецот реши да се пензионира по 20 години поминати на теренот.

На него претходно му заврши договорот со Дерби, кадешто го тренираше поранешниот соиграч Френк Лампард.

Во богатата кариера, Кол настапуваше за Арсенал, Кристал Палас, Челси, Рома и И Лос Анџелес Галакси.

Го освојуваше ФА-купот дури седум пати, по што е рекордер, а има и 107 настапи за репрезентацијата на Англија.

„По многу размислување, решив да се повлечам и да почнам ново поглавје“, кажа Кол во интервју „Скај Спортс“.

Англичанецот професионалното деби го имаше во 1999 година во дресот на Арсенал.