Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атлетико Мадрид добил понуда да ги купи Луис Суарез и Иван Ракитиќ од Барселона, но шпанскиот гигант се откажал затоа што ниту еден фудбалер не одговара на нивниот систем за игра, а исто така не можел да плати колку што барале играчите.
Ракитиќ по шест години беше отпишан во Барселона и реши да се врати во Севиља, каде што играше пред да се пресели во Каталонија.
Од друга страна, уште не е јасно каде ќе заврши Суарез, но најмногу засега се споменува Јувентус, кој го посакува и босанскиот напаѓач Един Џеко.
Ракитиќ во Севиља најверојатно ќе го пополни местото кое го остави празно Евер Банега, а тој и самиот кажа дека Хрватот направил добра одлука.
„Иван е играч од светска класа и му посакувам успех. Кога ја напушти Севиља дојдов јас, а сега му го враќам местото“, кажа Банега.