„ЕСПН“: Ова ќе биде драматичен бараж, замислете го Роналдо во Скопје…


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Најпознатата американска мрежа во светот „ЕСПН“ ги анализираше квалификациите и најави драматичен бараж за пласман на Светското првенство (СП) во Катар.

Многумина се прашуваат дали Кристијано Роналдо ќе биде дел од претставата или не. Секако, тоа не зависи само од него, туку и од колегите.

Во март се игра баражот, првпат во ваков форма со полуфинале и финале, а на крајот три тима ќе тргнат на пат кон Катар.

„Форматот ќе донесе драма и напнатост од самиот почеток. За неутралните спектакл, за навивачите на земјите кои ќе играат бараж – нервоза. Замислете го Кристијано Роналдо на пример во Скопје да се бори за Светско првенство против Македонија“, пишува „ЕСПН“.

Во баражот во моментов се Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска и Велс како носители, додека Турција, Полска, Македнија, Украина, Австрија и Чешка се неносители.

Ждрепката ќе се одржи на 26 ноември, а натпреварите се играат на 24/25 и 28/29 март.