Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Францускиот репрезентативец Пол Погба има договор со Манчестер јунајтед до крајот на јуни 2022 година и ќе го напушти „Олд Трафорд“.
„ЕСПН“ објави уште една шпекулација за неговата иднина, а неговиот менаџер Мино Рајола сака да го однесе фудбалерот во Реал Мадрид, иако имаше интерес и од Париз.
Овој 28-годишен фудбалер одлично ја почна новата сезона во Премиерлигата. Во првото коло Јунајтед го декласираше Лидс јунајтед со 5-1, а Французинот имаше дури четири асистенции.
„Кралевите“ се надеваат дека ќе го обезбедат потписот на Погба за следната сезона, а и Французинот е подготвен да биде дел од тимот од Мадрид.
Реал Мадрид се поврзува со трансфер и на Килијан Мбапе, но засега нема конкретни понуди.