„ЕСПН“ смета дека само тројца кошаркари се подобри од Дончиќ во НБА


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„ЕСПН“ пред стартот на новата сезона во НБА-лигата објави ранг-листа на најдобри кошаркари според нив, а интересно е тоа што на четвртата позиција се наоѓа Лука Дончиќ.

„ЕСПН“ пишува дека ѕвездите на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис се двајцата најдобри кошаркари во светот, а зад нив следи Јанис Антетокумпо. Како што споменавме четврти е Дончиќ. Потоа следуваат: Каваи Ленард, Кевин Дурант, Демијан Лилард, Стеф Кари и Џејмс Харден.

Дончиќ изминатата сезона го водеше Далас до првата рунда од плеј-офото, а во просек забележуваше 28.8 поени, 9.4 скокови и 8.8 асистенции во регуларната сезона. На крајот Далас испадна од Лос Анџелес Клиперси во првата рунда со 4:2 во серијата.