„ЕСПН“: Тен Хаг донесе конечна одлука за Роналдо – нема назад!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вистинска бура во Манчестер јунајтед предизвика интервјуто на Кристијано Роналдо со Пирс Морган во кое го нападна тренерот Ерик Тен Хаг.

Роналдо кажа дека нема почит кон Тен Хаг, а очигледно со тоа си ја реши иднината затоа што Холанѓанецот повеќе нема намера да му дава шанса.

„ЕСПН“ објави дека Тен Хаг повеќе не го сака Роналдо во екипата и поради тоа ќе се обиде да се ослободи од него во најбрз можен рок.

„Тен Хаг го кажал својот став на раководството на тимот. Фудбалерите на Јунајтед се гневни на Роналдо и неговите изјави“, објави медиумот.

Роналдо има договор со Јунајтед до следното лето, но постои голема можност да замине уште во јануари.