Естонец потпиша за Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рагнар Клаван е новото засилување на Ливерпул, соопшти официјалниот сајт на клубот.

Досегашниот фудбалер на Аугсбург, Рагнар Клаван е ново засилување на црвените.

30-годишниот Естонец потпиша 3-годишен договор.

„Тешко е да најдеш зборови, мојот сон е да заигра во ПЛ и да бидам во клуб како што е Ливерпул. ПЛ е најатрактивната лига на светот, ова е дом на фудбалот“, изјави Клаван.

Така Клаван е петото засилување на Ливерпул оваа сезона после тоа што договори потпишаа Грујиќ, Кариус, Матип и Мане.