Естонија утре ќе ја пречека Македонија со – публика на трибините!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонија утре игра против Естонија во Лигата на нации, а мечот нема да биде одигран пред празни трибини, зашто домаќинот панира 1.400 навивачи на стадионот.

Тие ќе мора да ги почитуваат сите протоколи и да одржуваат социјална дистанца, а и маските ќе бидат задолжитени во текот на натпреварот.

Сепак, на мечот ќе може да присуствуваат само домашни навивачи, односно македонските нема да добијат дозвола за влез бидејќи УЕФА не дозволува гости на трибините.

Македонија за мечот од новата сезона во Лигата на нации нема да може да смета на Тошевски, Бејтулаи и Адеми поради повреда, како и Висар Муслиу кој е суспендиран поради црвен картон.