Еуфорија во Јапонија: Ѓоковиќ стигна на теренот во Токио (ФОТО)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ денеска стигна во Токио, кадешто ќе учествува на АТП-турнирот од серијата 500.

Ѓоковиќ се враќа на тениските терени по повредата на левото рамо, па нема настапувано уште од осминафиналето на Ју-Ес Опен, кога му го предаде мечот на Станислав Вавринка.

Србинот таму ќе биде прв носител, а најсериозен противник ќе му биде Борна Чилиќ, кој ќе биде втор носител на турнирот, кој почнува на 30 септември, а се игра за награден фонд од речиси 1,9 милиони долари.

Титулата ја брани Данил Медведев, а интересно е тоа што токму тој трофеј е еден од ретките, кои недостига во колекцијата на Ѓоковиќ.