Еуфорија во Мајами: Меси пристигна во новиот клуб (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси пристигна во Мајами пред официјално да биде претставен како ново засилување на Интер Мајами.

Меси слета на аеродромот Форт Лодердејл со приватен авион, а шпанските медиуми пишуваат дека тој пристигнал од Бахамите каде што бил на одмор.

Аргентинецот претходните две сезони настапуваше за ПСЖ, по што почна преговори со Барселона за враќање на „Камп ноу“, меѓутоа поради нестабилната состојба во Каталонија се реши да потпише за американскиот тим.