Еуфорија во Рим: Дибала слета во Португалија, само часови го делат од потпис за Рома! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала ќе стане нов фудбалер на Рома, а од потпис го делат само часови. Тој пристигна во Португалија, каде што ќе има медицински прегледи, по што ќе стане нов играч на Жозе Мурињо.

Италијанските медиуми пишуваат дека Дибала договорил тригодишна соработка, а по сезона ќе заработува по шест милиони евра плус бонуси.

Се шпекулираше дека Дибала ќе го добие дресот со број 10, но очигледно Аргентинецот се решил за дресот со број 21, па така Немања Матиќ ќе мора да избере друг дрес.

Дибала по седум години го напушти Јувентус летово како слободен играч, а преговараше и со Интер, но сепак Рома била поубедлива во преговорите.