Еурофарм Пелистер го ангажираше најдобриот голман од Египет


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еурофарм Пелистер се засили со репрезентативниот голман на Египет, Карим Хандави, кој дефинитивно ќе биде големо засилување за екипата од Битола, а тој ќе настапи и против Македонија на Светското првенство во Египет.

Битолскиот тим се одлучи да се активира на трансфер пазарот и да се засилат на голманската позиција. Изборот падна на 32 годишниот голман кој на Светското првенство ќе брани и против Македонија бидејќи Египет е во нашата група.

Во Е. Пелистер Карим доаѓа како слободен ракометар, а официјално ќе биде претставен по завршувањето на Светското првенство.