Еурофарм Пелистер се засили со египетски голман!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еурофарм Пелистер денеска доби огромно засилување откако потврди дека го ангажирале Карим Хендави, голманот на египетската репрезентација.

Хендави беше промовиран во Битола и се очекува да дебитира против Татабања во Лигата на Европа.

„Мило ми е што потпишав за Еурофарм Пелистер. Ова е важен чекор во мојата кариера. Доаѓам во екипа со добри ракометари, тренер… Екипата е на одлично ниво и се надевам дека може да помогнам“, кажа Хендави.

Хендави во текот на кариерата настапуваше уште и за Доброгеа Суд од Романија, Бешикташ од Турција и Замалек од Египет.