Еве како ќе изгледа топката на Светското првенство 2026 година (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Официјално, ФИФА (Светската фудбалска федерација) ја претстави топката со која ќе се игра Светското првенство 2026 година, а која содржи детали од трите земји домаќини – Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико!

Ова ќе биде историско Светско првенство, зашто првпат ќе има три домаќини. Поради тоа, топката ќе ги содржи симболите на тие земји, јаворовиот лист од Канада, ѕвездите на Соединетите Американски Држави и мексиканскиот орел, а тука се и издигнати икони кои ќе го подобрат движењето на топката во дождливи услови.

Да потсетиме, Светското првенство се одржува следната година од 11 јуни до 19 јули. Ждрепката за најголемиот планетарен настан ќе се одржи на 5 декември, а Србија се надева дека ќе го заземе местото на тој спектакл.