Еве како Новак може да дојде до 25. гренд слем во кариерата


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа оваа година да освои ниту еден од четирите Гренд слема во сезоната, и така не ја подигна летвичката која би била уште поголема во светот на тенисот, односно уште потешка за Алкараз и Синер, или за новите надежи да го надминат.

До крајот на годината скоро е сигурно дека Ѓоковиќ ќе настапи во Атина, додека сè уште е неизвесно неговото учество на завршниот Мастерс на сезоната во Торино. Сепак, поранешниот американски тенисер Патрик Мекинро смета дека Новак би можел да дојде до 25. Гренд слем.

– Тој секако го има заслужено правото да игра кога сака. Моето чувство ми вели дека нема да игра, туку ќе почне да се подготвува за уште еден подвиг во Австралија – рече Мекинро, па додаде:

– АТП Тур би сакал Ѓоковиќ да биде таму, но добиваме мешани пораки од големиот играч. Понекогаш вели дека треба да игра повеќе турнири, а понекогаш не.

Да потсетиме, Новак последен пат учествуваше на егзибицискиот турнир Шест Кралеви во Ријад, каде што во полуфиналето беше поразен од Јаник Синер, а потоа го предаде мечот за трето место на Тејлор Фриц.