Еве зошто луѓето не гледаат МЛС лига – Досуден е најконтроверзниот пенал на годината (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Ванкувер Вајткапс ја совладаа екипата на Цент Луис Сити со резултат 3:2 во MLS лигата минатата вечер.

Ако некогаш ве прашаат: „Што недостасува во MLS лигата?”, покажете им го деталот што го одреди победникот на дуелот меѓу Вајткапс и Цент Луис. Да беше ова изолиран случај, но чудни судиски одлуки се случуваат премногу често во Америка, во лига која, наводно, од година во година напредува во сите аспекти.

Ситуацијата на натпреварот во Канада, каде што арбитерот Базакос покажа на белата точка во 14. минута од продолжението, е апсурдна, но да почнеме по ред.

Двапати водеше Цент Луис на оваа средба, двапати се враќаа домаќините, а потоа следеше моментот кој ја одлучи натпреварот и беше доста контроверзен.

Фото: Принтскрин

.