Евертон го доведе Боласи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Боласи е завршена мисија за Евертон, 26 милиони платени сега, 5 понатаму.

Алан Пердју инаку тренер на Кристал Палас убаво рече по завршување на дуелот со ВБА кој Палас го изгуби со 1:0. Тој го рече следново: „Неговото срце и душа се на друго место“.

27 годишниот играч од Конго сега и со телото е на Гудисон парк.

Го доби дресот со број 14, а со тимот од Гудисон потпиша договор до Јуни 2021 година.

„Со нетрпение очекувам да заиграм за Евертон, ова е голем клуб, знам бидејќи играв против него годиниве“ – вели Боласи.

„Сакам да успеам со Евертон. Не дојдов овде за пари, сакам само да играм фудбал. Интересно е да се учи од Коман. Со нетрпение очекувам да заиграм за новиот тим, ова ќе биде интересна сезона“ – изјави Боласи во интервјуто за официјалниот сајт на Евертон.