Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Премиерлигашот Евертон реши да го суспендира фудбалерот од првиот тим откако против него беше почната истрага дека имал однос со малолетно девојче.
Медиумите објавија дека станува збор за Сигурдсон, иако полицијата и клубот не го објавуваат идентитетот на фудбалерот.
„Клубот ќе ги поддржи властите во истрагата и во моментов нема да дава дополнителни информации“, објавија од Евертон.
Според англиските медиуми, Сигурдсон е приведен во петокот поради интимен однос со малолетно девојче, а бил пуштен на слобода откако била платена кауција.
Медиумите пишуваат дека фудбалерот е венчан и оваа вест ги шокирала сите во Евертон, но и во Премиерлигата.
Евертон минатиот месец за нов тренер го постави Рафаел Бенитез, а подготовките за новата сезона се во тек.