Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од редовите на Евертон планираат да се вмешаат во трката за напаѓачот на Лион, Муса Дембеле.
Францускиот напаѓач е приоритет на Оле Гунар Солскјер во јануарскиот преоден рок, меѓутоа од Евертон планираат да сторат се за да им го „украдат“ фудбалерот на „ѓаволите“.
23 годишниот Дембеле веќе постигна шест погодоци во воведните осум кола во француската Лига 1, меѓутоа беше во отворен конфликт со тренерот на клубот Силвињо, па неколку натпревари ги започна на клупата за резервни фудбалери.
Сега кога Силвињо си замина, се очекува Дембеле да се врати во првиот состав на Лион.