Евертон ќе се обиде да ја „украде“ трансфер метата на Јувентус


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Пред неколку денови се појавија шпекулации дека Јувентус  е заинтересиран за играчот од одбраната на Барселона, кој во моментов настапува за Шалке, Жан Клер Тодибо.

Младиот стопер не се наметна меѓу „каталонците“ меѓутоа во таборот на Шалке 04 покажа дека станува збор за талентиран играч кој може да се развие во одличен стопер.

Наводно, Евертон бил заинтересиран да плати 20 милиони фунти за услугите на младиот стопер и со тоа да го победи Јувентус во трката за играчот.

Евертон и претходно пазареше на „Камп Ноу“ и ги донесе Јери Мина, Лукас Дињ и Андре Гомеш.