Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесува „Скај Спортс“ од таборот на Евертон сериозно планираат да го засилат својот тим со носење на Вилфред Заха.
Познато е дека Арсенал е заинтересиран за поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, меѓутоа првата понуда од 40 милиони фунти беше одбиена од страна на Кристал Палас.
Сега се очекува „топчиите“ да испратат нова понуда, но „скај Спортс“ пишува дека и Евертон ќе влезе во преговори со Кристал Палас за ангажман на одличниот крилен фудбалер.
Сепак истиот медиум пренесува дека фудбалерот сака да се пресели во Арсенал затоа што тоа е клубот за кого навивал од мали нозе.