Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Евертон требаше синоќа да го пречека Манчестер сити на „Гудисон парк“, но натпреварот се одложи и ќе се игра во 2021 година на датум кој дополнително ќе биде одреден.
Натпреварот од Премиерлигата не се одигра поради неколку позитивни случаи во Манчестер сити, а од Евертон се побунија поради одлуката на раководството на шампионатот и бараат објаснување зошто не се одиграл мечот.
„Евертон жали поради одложувањето на натпреварот со Манчестер Сити, не само поради 2.000 навивачи кои дојдоа тука, туку и поради сите ширум светот. Нашите играчи беа спремни да го играат натпреварот како и сите во клубот. Еден натпревар е најважниот датум во нашиот календар, а ова беше и голем натпревар. Ќе бараме објаснување и објавување на сите информации кои ги приложил Сити за да дојде до ваква одлука“, соопштија од Евертон.
🔵 | Club Statement: Manchester City fixture postponement.#EVEMCI https://t.co/Q5ddxKYpyy
— Everton (@Everton) December 28, 2020