Евертон се вклучува во трката за Фелипе Кутињо


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Карло Анчелоти од позадина ги набљудува ситуациите на неколку фудбалери кои не се посакувани во своите клубови.

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека „карамелите“ се заинтересирани за ангажман на Фелипе Кутињо од редовите на Барселона.

Јасно е дека овој трансфер ќе биде тежок за реализација, најпрво поради високите барања на Бразилецот, а потоа и поради тоа што прехтодно го носеше дресот на Ливерпул, најголемиот ривал на Евертон.

„Карамелите“ се интересираат за уште еден играч кој не е посакуван од својот тим а важи за еден од најдобрите, а тоа е Хамес Родригез кој сигурно ќе си оди од „Бернабе“ ова лето.