Евертон веднаш најде замена за Стоунс


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Евертон дефинитивно знае да соработува. Го продадоа Стоунс во Сити за повеќе од 50 милиони фунти а донесоа одличен дефанзивец за само 12 милиони фунти. Одличен профит.

Скај Спорт ја пренесе таа информација дека Ешли Вилијамс инаку играч на Свонси ќе потпише за Евертон во текот на денешниот ден.

Се е договорено за трансферот на играчот кој со својата репрезентација стигна до полуфиналето на ЕП годинава во Франција.

Сумата е како што веќе напоменав, 12 милиони фунти.

Вилијамс пристигнува од Свонси, има 31 година и во моментов важи како еден од најдобрите дефанзивци во Премиер Лигата.